Темен режим Режим на светлина

Пред новата учебна година можна е и вакцинација на деца

Комисијата за заразни болести и МОН во наредниот период од сите препораки што се сега во сила ќе подготват еден протокол како би се одвивала учебната година од септември и за враќање на учениците на настава со физичко присуство.

Според министерот за здравство Венко Филипче, тоа можеби ќе вклучи и план за вакцинирање на деца од 12 до 16 години бидејќи Американската агенција за лекови ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца на таа возраст. Евалуацијата на сите препораки и дали децата треба да се вакцинираат ќе се прави во текот на летово.

-Во нашите планови за пристигнување вакцини, може да ја покриеме со количини бројката на деца од 12 до 16 години. Ќе ја проектираме таа количина и ќе ја зачуваме за децата, но нормално таа нема да биде задолжителна, рече Филипче.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од вакцинираните во Србија со „Астра Зенека“ само постарите од 60 години ќе може да се ревакцинираат тука

Следна објава

Пожар во кабина за снимање на Клиниката за радиологија, нема повредени