Темен режим Режим на светлина

Тргна граѓанско барање: Вратете го дресот на Македонија!

Се бројат деновите пред почетокот на Европското првенство во Фудбал. Сите со радост ги чекаме настапите на репрезентативната чета со Горан Пандев како капитен.

Но, денеска се бројат и минутите поминати по презентацијата на новите дресови за репрезентативците по кои се искажа незадоволството од многу граѓани. Имено, поминаа не повеќе од 50-минути откако јавноста ги виде трите верзии на дресот кој ќе го носат нашите фудбалски мајстори на Европското првенство, а веќе има негодување, па дури и најава за потпишување на петиција со која ќе се бара дресовите да бидат во вообичаените црвено-жолти бои, а не како новопрезентираниот – бордо.

-Македонија на ЕП со старите дресови, ова барање многу брзо се шири по социјалните мрежи.

Граѓаните се незадоволни што го нема сонцето на дресот, но и прашуваат дали на него ќе пишува – Македонија.

-Ова е дресот на “нашата земја”. Каде е тој што беше на Македонија?, прашува твитерџија.

Инаку, на дресовите како што велат од ФФМ е аплициран и рис. Голем дел од граѓаните во коментарите велат дека рисот е скоро невидлив.

За потсетување, дресот со изненадувачката боја вчера прв го престави претседателот Пендаровски, кога му го подари на Папата во Рим.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пожар во кабина за снимање на Клиниката за радиологија, нема повредени

Следна објава

Тајванци како заробеници работеле во измамнички кол-центри во скопската населба Бардовци