Членови на Комисијата за заразни болести денеска беа во посета на Собранието, за да извршат контрола, дали салата во која се одржуваа седница до пред почетокот на пандемијата, е безбедна за пратениците повторно да се вратат таму.
Тие денеска имаа средба со претседателот на парламентот, Талат Џафери, кој минатата недела најави дека од 8 јуни седниците ќе почнат да се одржуваат во старата пленарна сала, која, не е во функција од август минатата година.
Ова Џафери го потврди на социјалните мрежи.
-Денеска имав средба со претседателот и претставниците на Комисијата за заразни болести коишто извршија контрола на салите и помошните простории, за да се констатира дали се исполнети сите услови Собранието да почне да ги одржува пленарните седници во салата Македонија, со почитување на мерките за заштита од ковид – 19, согласно новите препораки на Владата, откако службата, пратениците, обезбедувањето и другите секојдневно присутни во Собранието го завршија процесот на имунизација, објави Џафери.