Премиера на „Супербајкастично“ вечерва во Театар за деца и младинци

„Супербајкастично“ е насловот на најновата премиера вечерва во Театарот за деца и младинци. Авторскиот текст е на Горјан Милошевски а режисер е Игор Ивковиќ.

Почнува во 19 часот, а пораката е протната преку еколошката бајка – како за децата, така и за возрасните, чија цел е да ги разбуди емпатиите кај публиката за поголема грижа кон планета Земја, нашиот единствен дом.

– Создадовме еко бајка, која има задача преку досетки, хумор, забава и јасно изградени карактери, да испрати силна порака дека е важна грижата кон животната средина. Со овој проект на младите сакаме да им покажеме дека е „ин“ да си: научник, несебичен, искрен и одговорен пред другите и животната средина, вели Игор Ивковиќ, режисер на претставата.

Двајцата херои на „Супербајкастично“, Мила и Давид на свои 10 години ја започнуваат најголемата битка за нашата планета. За таа цел Давид создава супер, еколошки велосипед водејќи се по изуми и нацрти на неговите претци – климатолози. Тој велосипед отвора порта кон поинаква, бајковидна димензија каде нашите херои се борат против Небрила Токсичнаја, мајката на целото загадување, кралица на загадениот воздух.

Претходна вестСо розови очила за загадувањето: Дали е ова истиот град во кој живееме со Шилегов?!
Следна вестОблачно, попладне со локален пороен дожд