Во последните 24 часа нема ниту еден починат како последица од ковид, а од направени 2.887 тестирања, регистрирани се 6 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 3, Тетово, Струмица и Берово – по 1.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221, од нив 87 во Скопје.
Во 14 општини нема активни случаи.
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ако продолжи ваквата епидемиолошка состојба можно е во август или во септември да се прогласи крај на епидемијата.
Тоа би значело да има два репродуктивни циклуси од по 14 дена во кои нема регистрирано нови случаи. Маските на затворено пак, ќе останат до оној момент кога 28 дена по ред ќе нема ниту еден случај, што би можело да се случи во август.