Темен режим Режим на светлина

Полицаец зел пари од странец за да му го регулира престојот – ќе одговара дисциплински

Полицијата поднесе кривична пријава против П.Ј., полициски службеник во Кочани поради злоупотреба на службена положба и овластување.

Според МВР, полицаецот искористувајќи ја својата службена положба, при пополнување пријава за престој на странски државјани на територија на државата побарал и зел пари од него.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој е суспендиран до донесување решение во дисциплинската постапка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Владата ќе ги отпишува каматите, но не и долговите - тие ќе ги плаќаат на рати

Следна објава

По 500 евра за 745 естрадни уметници - еднократна помош за над година ипол неработење