Сончево и многу топло со температури над 40 степен

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 34 до 41 степен. Согласно вредностите на прогнозираните температури на целата територија ќе биде активирано жолто ниво на опасност од високи температури. УВ=9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне 39 степени

Претходна вестСо проекција на концерт на Влатко Стефановски почнува циклусот концерти на „Croatia Records“ во Кинотека
Следна вестДаваат нови ветувања, молчат за реализација на старите