Темен режим Режим на светлина

Со проекција на концерт на Влатко Стефановски почнува циклусот концерти на „Croatia Records“ во Кинотека

Во четврток на сцената „Мирно лето“ на платото пред Кинотеката на Македонија, почнуваат „Концерти во Кинотека со Croatia Records“, чиј циклус се отвора со проекција на концертот на Влатко Стефновски од „Лисински“, во Загреб.

– Циклусот го отвора концертот „Влатко Стефановски – Live at Lisinski“, од 17 април 2018 година, кога во Загреб беше промовиран неговиот албум „Мајчин јазик“. Таа волшебна вечер гостите на Влатко беа „Љубојна“, Хојсак & Новосел и Јосипа Лисац. Овој концерт, кој беше отиснат на современиот медиум Блу Реј ја има историска важност, ова е прво Блу Реј издание на некој македонски музичар, велат од Кинотека.

И не е само Влатко Стефановски. Кинотека информира дека од 1 јули, па секој следен четврток во јули ќе биде прикажуван по еден концерт од Блу Реј програмата на дискографската куќа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пинг-понг со Љубанци: 9-ти ден без вода, општината ја „фрли“ топката кај „Водовод“

Следна објава

Сончево и многу топло со температури над 40 степен