Програма за „музички гурмани“ вака во Кинотека на Македонија ја најавуваат августовската програма со богат репертоар. Според информациите од таму, на 13, 14 и 16 август ќе се прикажува трилогија на неми филмови, а потоа – велат – следи музичка експлозија.
-Документарниот филм „Нов бран – 40 години подоцна“ на 17.август, во 20:00 часот, ќе го означи почетокот на деновите на „Кроација рекордс (Croatia Records)“ во нашата Кинотека, и е своевиден вовед во тематскиот блок од неколку документарци кои се занимаваат со феноменот на „музичкиот земјотрес“ по кој звучните слики на Љубљана, Загреб и Белград (делумно и Скопје) веќе никогаш не беа исти, информираат од Кинотека.
По оваа проекција Кинотека најавува трибина на истата тема со Никола Кнежевиќ и Иван Беќковиќ од „Кроација рекордс“. А дветепоследни вечери се резервирани за летното издание на СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ.