По оставката на директорот на тетовската болница Флорин Бесими попладнево, предмалку оставка поднесе и заменик-министерот за здравство Илир Хасани.
-Во овие моменти толку тешки за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам никаква врска со процедурите за формирање модуларна болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во моментов, да ги почитувам жртвите, повредените , јавноста и најмногу себеси. Нема ништо над достоинството!, напиша Хасани.
За 19 часот е закажана прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче.