Повторно 30 починати – меѓу нив на 23 и на 34 години, нови 577 заразени

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа пријавени се 30 починати лица: 7 починати лица од Скопје (53г, 65г, 72г, 78г, 82г, 83г, и 85г), по 5 починати лица од Гостивар (23г, 37г, 66г, 70г и 71г) и Струмица (55г, 67г, 72г, 76г и 79г), по 3 починати лица од Тетово (60г, 71г и 90г) и Куманово (34г, 53г и 57г) и по едно починато лице од Битола (80г), Радовиш (64г), Велес (55г), Охрид (71г), Струга (41г), Крива Паланка (85г) и Берово (88г).

Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 3 се починати во домашни услови.

Направени се 5.362 тестирања, а регистрирани се 577 нови случаи на ковид-19:

Скопје – 265, Куманово – 54, Тетово – 26, Прилеп – 21, Струмица – 20, Кичево – 17, Гостивар и Велес – по 16, Кочани – 15, Штип – 14, Битола – 13, Берово- 12, Кавадарци – 11, Свети Николе – 9, Охрид – 8, Струга, Ресен и Пробиштип – по 7, Радовиш и Валандово – по 6, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Пехчево – 3, Дебар и Демир Капија – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1 лице.

Регистрирани сe 1.010 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166, од кои 5.731 во Скопје.

Претходна вестЗаменик-министерот за здравство Хасани поднесе оставка
Следна вестФилипче соопшти дека понудил пишана оставка до Заев, не поднесе