18-годишна девојка нападната од нејзиното поранешно момче

Осумнаесетгодишна девојка била физички нападната од својот поранешен дечко во гостиварското село Чајле.

Според информациите од полицијата, напаѓачот е 20-годишен жител на селото и во моментов е приведен од страна на властите.

„Вчера од полициски службеници од Полициско одделение Чегране лишен од слобода е В.Ј.(20) од с.Чајле, бидејќи физички нападнал 18-годишна жителка на гостиварско село, со која порано биле во љубовна врска“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестВо Тетово затворени 4 угостителски објекти, затекнати 27 лица без ковид-сертификат
Следна вестДете нападнато со нож во основно училиште во Гостивар