Ако патувате: На Табановце се чека 20 минути за влез во земјава, денеска кус прекин на сообраќајот Кичево-Охрид

На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу 20 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

Оттаму потсетуваат за најавата дека поради минирање на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани  денеска сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12 и 15 часот во времетраење од 15 – 20 минути.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестДлабоки се корените на македонскиот јазик, затоа ги поткопуваат
Следна вестСобранието може да усвои резолуција за спорот со Бугарија – СДСМ најави дека го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ