Темно Режим Светло Режим

АМСМ: Патот Крива Паланка – Нерав во прекин поради снег и одрон од камења

Само еден патен правец утринава е во прекин, информира Автомото сојуз на Македонија. Според информацијата објавена во 06.50 часот од страна на АМСМ, сообраќајот на регионалниот пат Крива Паланка – с.Нерав е во прекин за сите возила во двата правци, поради обилни врнежи на снег и одрон од камења на патот.

Се додава дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по наместа влажни коловози.

-Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Фото: Архива

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Се помалку бебиња во ЕУ, а и во Македонија е исто: Ќе си бараме ли чаре или ќе чекаме решение од Брисел, како и за се друго?

Жената што ги излажа невенчаниот сопруг и полицијата дека ѝ го украле бебето од Клиника може да добие 3 години затвор

Следниот Пост

Елмас: Срцето кое го покажував кон камерата беше за навивачите, сите ги сакам