Темен режим Режим на светлина

Сериозен здравствен аларм: Расте бројот на лица со зголемена телесна тежина

Загрижувачки податоци за исхраната на најмладите – секое трето дете во Македонија има зголемена тежина Загрижувачки податоци за исхраната на најмладите – секое трето дете во Македонија има зголемена тежина

Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен предизвик во државата, со преваленца од 30 до 35 проценти од населението, информираат од Министерство за здравство на Македонија.

Овој загрижувачки тренд, кој особено ги засега децата и адолесцентите, беше во фокусот на стручниот симпозиум организиран од научното здружение за обезност „ОБЕМ“. На настанот беше истакната потребата од итно подигнување на јавната свест, како и од зајакнување на капацитетите за соодветен третман.

Министерот за здравство Азир Алиу посочи дека од особено значење е функционирањето на центрите за третман на дебелината при Клиника за ендокринологија и во ГОБ 8 Септември. Тој информираше и дека во текот на неделата во Охрид е отворен првиот центар за менаџирање на дебелината во Југозападниот регион.

„Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања и Дијабетес тип 2. Затоа е неопходен мултисекторски пристап и подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик“, изјави Алиу.

Од Министерството посочуваат дека продолжуваат со мерките за поддршка преку програмата за обезбедување инсулин и едукација за контрола на дијабетесот. Со оглед на тесната поврзаност меѓу дебелината и Дијабетес тип 2, фокусот останува на едукација за правилен третман и контрола на состојбата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Автобус удри мотоцикл во Прилеп, загина младо момче

Грозданоски го удрил и го задушил Митрески, СВР Охрид со кривична за убиство

Следна објава
Лош старт за Седлоски: Незадоволство меѓу фудбалерите по поразот од Данска

Лош старт за Седлоски: Незадоволство меѓу фудбалерите по поразот од Данска