Темен режим Режим на светлина

Антикорупционерите оформија предмет за лиценците за софтвер во Владата вредни 26 милиони евра

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет во врска со набавката на лиценци од страна на Владата, на што неколку дена упатува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Предметот е отворен по анонимна пријава во која се наведува дека Генералниот секретаријат потпишал договор со „Мајкрософт“ за лиценци и сервиси во вредност од речиси 26 милиони евра.

-Предметот, во согласност со Деловникот за работа, е распределен за работа и постапувањето по него е во тек, појаснуваат од ДКСК.

Денеска портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ Наум Стоилковски ја повика Антикорупциската комисија да отвори предмет во врска со набавка на лиценци од страна на Владата на Република Северна Македонија, со наведување дека „како е можно 40 милиони евра да се даваат за лиценци на фирма каде што доминира колега на премиерот“.

-Веќе 10 дена чекаме ДКСК да пројават интересирање како е можно 40 милиони евра да се даваат за лиценци на фирма каде што доминира колега на премиерот, па ДКСК да одговори дали тоа не е основа за сомнеж за корупција? Очекуваме ДКСК да се произнесе и за првиот и за вториот тендер за оваа фирма, односно зошто е направен тендер на 15 милиони евра, со намалени услови пред три години? И веднаш потоа, по неполни 3 години, за истите услуги, 25 милиони евра, односно 10 милиони евра повеќе?, рече Стоилковски.

СДСМ утринава преку соопштение порача дека ВМРО-ДПМНЕ изминатите денови пласира целосни лаги и невистини.

-Очигледно Мицкоски смета, дека ние треба да сме единствената држава, за која е оправдано да “краде” софтвери, да не ги лиценцира и да го става под ризик целокупното функционриање на владините органи и институции. Дали според ДПМНЕ користењето на пиратски софтвер е подобро од користењето на уредно лиценциран софтвер? Дали од ДПМНЕ на своите компјутери, имаат инсталиран пиратски софтвер, прашаа од партијата на власт.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Трагедија во Црна Гора: Автобус излетал од патот, загинале најмалку две лица

Следна објава

Кошаркарките добија силна група во квалификациите за ЕП