Пратеникот и лидер на Левица во статус на Фејсбук се осврна на измените на Законот за финансиски друштва изгласани од пратениците неделава.
-Да ви ја нацртам забеганоста на СДС на Нашата Земја: според важечката легислатива (Законот за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити) – вкупните трошоци не смеат да бидат повисоки од 55 отсто од главницата на кредитот. Според измените на Законот за финансиски друштва, донесени пред некој ден, вкупните трошоци не смеат да надминат 60 проценти!?
Значи, додаваат 5 отсто – а држат пресови дека ставиле “крај на должничкото ропство”!?
Дале сте бе вие нормални, племе едно одродено антинародно?, вели Апасиев во статусот на Фејсбук.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





