Темно Режим Светло Режим

Апел за рационално користење на водата: Зголемената потрошувачка предизвикува прекини и намален притисок во Скопје

Ќе нема вода во дел од Бутел Ќе нема вода во дел од Бутел

ЈП Водовод и канализација – Скопје упатува апел до граѓаните за рационално и совесно користење на водата за пиење, поради енормно зголемената и неконтролирана дневна потрошувачка која го нарушува стабилното водоснабдување во градот.

Од претпријатието потсетуваат дека градот се снабдува со вода од природен извор со ограничени количини и непроценлива вредност. Затоа, граѓаните се повикуваат да избегнуваат непотребно трошење на вода за полевање бавчи и зеленило, перење возила, полнење базени и слични активности, бидејќи како резултат на оваа состојба, водоводниот систем функционира со намален притисок, а во одредени делови на Скопје се јавуваат и повремени прекини во снабдувањето со вода.

Воедно, ЈП Водовод и канализација апелира до органите на локалната самоуправа и месните заедници да се вклучат во подигање на јавната свест за рационално користење на водата.

Граѓаните кои ќе забележат див приклучок се повикуваат веднаш да го пријават на телефонскиот број 02 3073 010, преку е-пошта на kontakt@vodovod-skopje.com.mk или на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk.

Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје, велат од ЈП Водовод и канализација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Од 10 до 15 часот: Затворен регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце

Следниот Пост
Муцунски: Значаен исчекор во економската соработка со САД

Муцунски: Бујар Османи имал 11 средби со српски колеги, а сега критикува „српски свет“