Арсовска: Набавката на 50 автобуси ќе биде на дневен ред се додека не ја изгласаат градските советници

Точката на дневниот ред за набавката на предвидените 50 автобуси ќе биде на седниците на Градскиот совет се додека советниците не ја изгласаат одлуката, изјави денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска. Таа одговори на новинарско прашање, како го коментира тоа што, „Советот одби да ги одобри тие 50 автобуси што му се потребни на градот и дали можеби повторно ќе повлече иницијатива да се стави на Совет таа точка“.

– Тоа ќе биде точка на дневен ред секоја седница на Советот, сѐ додека самите советници не ја изгласаат. Од причина што, за тоа, граѓаните гласале на овие избори. Граѓаните сметаат дека е потреба. Не само да се реформира јавниот превоз, туку и да добијат јавен превоз што ќе биде за нив достапен, пристапен, сигурен, безбеден, меѓутоа и еколошки. Постојат некои стандарди што е неопходно да ги исполниме а тоа е едно од нештата што беа ветени и мора да се реализира, нагласи Арсовска.

Таа додаде дека во случај да не го поддржат ова, одговорноста ќе биде кај советниците.

-Сите коишто декларативно кажуваат дека ги поддржуваат, програмата за модерно Скопје, овие еколошки автобуси, реформата на јавниот превоз, сметам дека тоа треба да го докажат и во пракса. А доколку не го направат тоа, одговорноста ќе биде исклучиво кај нив, нагласи Арсовска.

Претходна вестПретрес кај битолчанец, пронајдена дрога и вага
Следна вестАЕК на Тричковски претрпе пораз од Вест Хем, следи реванш