Автобус нагло закочил, повредени две лица

Наглото кочење на градски автобус е причина за повредување на две лица вчера во Скопје, соопшти полицијата.

МВР информира дека автобус на ЈСП „Скопје“, вчера, на улицата „Никола Карев“ во Скопје, нагло закочил и удрил во електронска рампа.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила патничката С.Б.(43), а со телесни повреди се здобила патничката М.А.(32), двете од с.Долно Соње, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се вели во соопштението на МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Претходна вестСловенија ги дозволи браковите на истополовите двојки и можност да посвојуваат деца
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Еден ден откако стана мандатар, на фирмата основана од Ковачевски ѝ се префрлени над 203.000 евра државна помош