ВМРО-ДПМНЕ: Еден ден откако стана мандатар, на фирмата основана од Ковачевски ѝ се префрлени над 203.000 евра државна помош

ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе нови податоци околу аферата „Броило“:

-Еден ден откако Ковачевски станува мандатар за состав на нова влада на 29 декември минатата година, фирмата основана од него, ‘Пиксел груп’, која е основана токму од него, добива исплата на државна помош од над 203 илјади евра. Значи, Ковачевски со мандат за премиер, а неговата ‘Пиксел’ добива државна помош од огромни 203 илјади евра. Ова е најголемата во низа исплати од над половина милион евра извршени од Владата и ФТИР кон ‘Пиксел груп’, основана од Ковачевски во периодот од 2019 до 2021 година, посочи на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој објасни дека „покрај земените 2 милиона евра државни тендери, фирми од соларниот картел овозможиле богатење и на други фирми и лица и со нивна помош испумпани се милиони народни пари“.

-Се наметнува сомнение дека преку фирмата ‘КМГ ЕОЛ квазар’ на кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, овозможена е можна злоупотреба во Општина Гази Баба додека градоначалник на општината бил кадар на СДС. Имено, фирмата на кумот на Ковачевски е надзор на проектот за изградба и реконструкција на улично осветление, а заврши во Обвинителството поради незавршени работи, кои биле наплатени со помош на потписот на надзорниот орган претставуван од кумот на Ковачевски, вели тој.

Претходна вестАвтобус нагло закочил, повредени две лица
Следна вестВладата ќе се информира за филмските студија на Џон Малкович, во игра локацијата во Карпош