Билетите за Финска и Азербејџан од 150 до 200 денари

Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан кој ќе се одиграат на 17. и 20. ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Влезниците се продаваат по цена од 150. денари за северната трибина,150. денари за јужна трибина (блокови 1, 2, 5 и 6) и 200. денари за централните блокови 3. и 4. од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Продажбата на билети за претстојните натпревари ќе се организира исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има поради технички причини (нефункционалност на читачите за билети на Националната арена).

МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА (Национална арена „Тодор Проески“, 17. ноември, 18:00 часот)

МАКЕДОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН (Национална арена „Тодор Проески“, 20. ноември, 14:00 часот)

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24 150 денари

Блок 21 и 23 150 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6 150 денари

Блок 3 и 4 200 денари

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на денот на натпреварите од 10:00 часот.

ФФМ ги повикува сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на натпреварите против Финска и Азербејџан.

Претходна вестОд полноќ дизелот поевтин за 2,5, а бензините за половина денар
Следна вестОливера Бикова со светско злато на СП во стрелаштво во Абу Даби