Британски министер поднесе оставка поради скандал, среќа во Македонија нема скандали

Поднесување на оставка поради политички несогласувања, скандали или пак принципиелност е потег кој се очекува од јавноста во секоја демократска држава. Таква оставка поднел министерот за правда на Велика Британија, лорд Дејвид Волфсон, откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети заради прекршување на антиковид-правилата во земјата.

Волфсон во писмото испратено до премиерот, а што го објави и преку својот твитер-налог, истакнува дека постапките на Џонсон не се „во согласност со владеењето на правото“. Тој истакнува дека би било погрешно „таквото однесување да мине неказнето, особено кога многумина други во општеството ги почитуваа правилата и платија висока цена, додека други биле казнувани или кривично гонети за слични, понекогаш наизглед тривијални прекршоци“.

Среќа во Македонија нема политички скандали во кои се вклучени владини функционери па не мора министрите да даваат оставки. Нема ниту министри кои самите се вклучени во скандали.

Среќа! Инаку ќе фрштеа оставки и потоа со денови ќе се бараат нови министри, па ќе имаа наново преговори во владеачката коалиција – кој кое министерство да го земе, па во собранието битка дали имаат мнозинство, па…

Претходна вестНе се вложуваат доволно средства за да Скопје нема греење на мазут и нафта
Следна вест50. ден војна во Украина : Мариупол речиси уништен, експлозија на бродот „Москва“…