Темен режим Режим на светлина

Бугарското Обвинителство поведе истрага против 72-годишен македонски државјанин, шверцувал дрога во божиќни подароци

Окружното јавно обвинителство од бугарскиот град Ќустендил започна истрага против 72-годишниот македонски државјанин К.К., под сомнеж за шверц на дрога.

Истрагата е покрената откако во петокот на граничниот премин „Деве Баир/Ѓуешево“ припадници на Одделението за борба против трговија со дрога при бугарското Министерство за внатрешни работи при претрес на автобус на релација Скопје – Истанбул, во личниот багаж на К.К. пронашле 6,235 килограми марихуана поделена во шест пакувања, од кои дел биле скриени во божиќни подароци.

Како што објавија бугарските медиуми, по откривањето на марихуаната, К.К. е лишен од слобода и Обвинителството поденело барање до надлежниот Суд да му биде одредена мерка „притвор“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Клиника Жан Митрев: На суд ќе докажеме дека обвинението нема никаква основа

Следна објава

Лажни функционери на српското МВР, ги лажат граѓаните дека се обвинети за педофилија