Целовечерен концерт на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски во Филхармонија

Голем концерт најавуваат нашите вонсериски музичари со долгогодишна кариера на интернационалната сцена, Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски, кои по девет години пауза, повторно ќе настапат заедно на сцената на македонската Филхармонија. Нивниот целовечерен концерт ќе се одржи на 16 февруари со почеток во 19:30 часот, а на програмата ќе бидат авторски композиции и преработки на македонска изворна музика, во ново уникатно издание, со интимен карактер и модерна аранжманска структура и изведба.

Извонредниот талент на тројцата врвни претставници на македонската музика одамна ја има својата потврда на светската сцена, а имињата на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски се запишани и зад едни од најраскошните, маестрални концертни доживувања кај нас.

Покрај меѓународниот успех и соработки, како музички уметници и автори, нив ги поврзува безвременоста на музиката која ја создаваат со фантастичен сензибилитет и оригиналноста во нивните беспрекорни изведби.

Во среда, (24 јануари) во 10 часот наутро започнува продажбата на влезниците за концертот, а ќе бидат достапни во сите продажни места на „МкТикетс“ и онлајн наовој линк.

Претходна вестКај кумановец пронајден хероин
Следна вестПовторно нападната студентка пред ПМФ, ѝ ја свиткал раката, украл телефонот и ја турнал