Чија оценка е поважна за Ковачевски – од народот или од странците?

Иако е летен распуст пред некој ден во Македонија се делеа оценки. Имено, граѓаните преку анкета спроведена на 1.014 испитаници го оценуваа досегашното работење на премиерот Димитар Ковачевски.

Дури 36 отсто од испитаниците на премиерот му бапнале единица. Со слаба двојка го оцениле 15 отсто од граѓаните. Значи над половината од жителите на Македонија, односно 51 отсто од нив се ептен многу разочарани од работењето на Ковачевски.

Ќе ги поправа ли овие ниски оценки премиерот? Сака ли тој да биде подобро оценет од граѓаните на Македонија или можеби му е поважно што во „свидетелството“  ќе му пишат странските дипломати?

Ако тргне да ги поправа оценките од граѓаните ќе треба многу повеќе да работи за доброто на Македонија, а ако сака повисоки оценки од странците ќе треба само да биде послушен и редовно да оди кај нив на часови.

Што „ученикот“ Ковачевски ќе избере?

Претходна вестИ денеска многу топло, ќе залади од среда
Следна вестСе намалува бројот на новозаболени од Ковид-19