Темен режим Режим на светлина

Човек и добиток пронајдени изгорени по пожар во штали кај железничката станица Ѓорче Петров

Несреќа во Скопје: Девојче повредено по пад во простор за лифт Несреќа во Скопје: Девојче повредено по пад во простор за лифт

Изгорено човечко тело и изгорени грла добиток пронашле пожарникарите вчеравечер откако изгасиле пожар што избувнал кај мост на Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров.

Како што соопшти МВР во дневинот билтен, вчера во 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на сува трева кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни.

-Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во полицискиот билтен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски: За брзата пруга има интерес од големи финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа

Следна објава

Наизменично се пропуштаат возила од и кон граничниот премин Блаце