Темно Режим Светло Режим

Дај утепајте ги прво децата комарци, па потоа возрасните!

По најавата дека на подрачјето на Скопје во сабота и недела ќе се прска против комарци, социјалните мрежи се „запалија“ од шеги на сметка на Градот. Во последното соопштение од надлежните стои дека авионската дезинсекција овој пат е против „возрасни форми на комарци“.

– Дај утепајте ги прво децата комарци па послете тргнете по возрасните, и малецкиве се опасни, масакрираат начисто… Нели прскавте во мај?! Или пуштивте ванилин шеќер да се размножат повеќе? Изгледа е второто, оти се множат комарциве наместо да се требат… Кај мене врие секоја вечер, не се спие, и не само сега, и лани беше вака, а за прелани и да не зборувам…, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Веќе секому му е познато дека прскањето се прави кога овие непријанти инсекти се во форма на ларви. Во спротивно, со секое доцнење, се ризикува комарците да се развијат а тогаш е и потешко справувањето со нив.

Advertisement

Какви се непријатности на скопјани им предизвика доцнењето со прскањето најдобро се виде пред две години. Тогаш, заради доцнењето на тендерот, проверката на квалитетот на средството, прскањето се изврши многу доцна и скопјани тоа го почуствиваа на своја кожа – буквално. Градоначалникот Петре Шилегов тогаш се правдаше со различни аргументи, за на крај да рече дека всушност тие прскале ама ние не сме ги слушнале авионите… Изгледа тогаш комарците биле погласни од авионскиот мотор.

Како и да е, лани таа постапка се изврши подобро, понавреме и со тоа проблемите на граѓаните беа и помали.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Градскиот парк стана шеталиште на марихуана

Следниот Пост

Вечерва се одржува „Стихувалки 2020“ во паркот во КИЦ