Темен режим Режим на светлина

Денес три седници на собраниски комисии

Пет години повеќе за решавање на предметите за бесправно изградени објекти Пет години повеќе за решавање на предметите за бесправно изградени објекти

Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Предлог-законот за средно полициско училиште по скратена постапка е единствена точка на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, во второ читање, Предлог-законот за изменување на Законот за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност, Предлог-законот за изменување на Законот за решавање банки и Предлог-законот за изменување на Законот за финансиски инструменти, сите по скратена постапка. Сите овие предлог-закони ќе бидат на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Времето денес променливо облачно

Следна објава

Обука за зајакнување на капацитетите на полициските тимови кои работат со службени кучиња