Темен режим Режим на светлина

Доцна синоќа пожар во РЕК Битола, ЕЛЕМ треба да ги соопшти причините

Пожар избувна на изолатор на трансформаторот на блок 3 во РЕК Битола вечерва во 22.50 часот, но веќе е изгаснат и нема повредени, информираа од АД Електрани на Северна Македонија.

-Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат, стои во соопштението од АД Електрани на Северна Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Премиера на „Птица со глава меѓу нозе“ на Коле Ангеловски во Драмски театар

Следна објава
Поради дупки во институциите, некој копал дупки кај изворите за вода, па стружани сега спас бараат во цистерни

Без вода неколку улици во Центар