Дрвокрадци од Штип фрлале дрва по полицајци

Двајца дрвокрадци од Штип фрлале дрва по полицајците за да им побегнат. Против нив е поднесена кривична пријава поради „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Како што информираат од СВР Штип, на 23.10.2023 во село Кошево, полициски службеници од СВР Штип, Шумска Полиција и ЈП Национални шуми – „Серта“ од Штип ги забележале Љ.Д.(44) и Б.Џ.(45) со товарно возило во кое имало огревни дрва. Тие со возилото се дале во бегство и притоа од возилото фрлале дрва за на тој начин да ги спречат службените лица да ги престигнат, односно да ги извршат службените задачи.

Претходна вестАрсовска го проверува главниот цевковод за вода, ќе се отклони ли една од  дилемите околу БРТ?
Следна вестСилно алармираа на ОБСЕ за маките на другите, за македонските молчеа