Двајца крадци кои „оперирале“ низ скопските улици се лишени од слобода

Двајца крадци кои на суров начин ограбиле две лица минатиот месец, одземајки им ги чантите со пари и лични документи се лишени од слобода. Дваесет годишниот Љ.А. од с. Батинци и деветнаесет годишниот В.А. исто така од Батинци скопско  ги признале делата.

– Одделението за криминалистички работи – ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје расчистија две кривични дела тешка кражба на дрзок начин, сторени во февруари 2023. Имено, Љ.А. се сомничи дека на 13.02.2023 на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје со употреба на сила од Н.Б.(50) од Скопје одзел чанта со лични предмети и пари. Исто така, се сомничи дека на 20.02.2023 на бул.„Кочо Рацин“, заедно со В.А. од с.Батинци, со употреба на сила од С.Д.(61) од Скопје одзеле чанта со лични предмети и пари, се вели во соопштението на МВР.

Со Љ.А. бил извршен службен разговор, при што ги признал делата, а денес во  Полициската станица Бит Пазар бил повикан и В.А., со кого исто така бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестНаучниците создадоа инјекција која за кратко време лекува пијанство
Следна вестСообраќајка меѓу патничко возило и мотоцикл во Скопје, има повредени