Темен режим Режим на светлина

Двајца полицајци завршиле на лекар, се запали полициско возило во скопски Центар

Вчера околу 12.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, настанал пожар во патничко возило, сопственост на МВР. Според пријавеното, додека полициски службеници извршувале службени дејствија, возилото се запалило.

Од МВР информираа дека двајцата полициски службеници побарале лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“- Клиника за токсикологија поради вдишан чад.

Пожарот е изгаснат од полициски службеници кои биле на местото на настанот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа

Следна објава
Филипче: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари