Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“.

Отпуштените се во добра и стабилна состојба, а се очекува да бидат преземени на натамошно набљудување од страна на здравствените установи во Македонија.

На повредените од денот на приемот до денес им се обезбедува потребната медицинска нега во Бугарија. Нивната состојба секојдневно се проценува и се преземаат потребните медицински мерки, уверуваат од болницата.

Пациентите ќе бидат отпуштени во фази во зависност од нивната состојба.

Претходна вестВтор ден прекин на железничкиот сообраќај
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на „Беса-транс“ да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?