Темен режим Режим на светлина

Двојна победа на македонските селекции над Косово

Македонските кадетски кошаркарски репрезентации во машка и женска конкуренција забележаа синоќа победи над соодветните селекции на Косово во рамки на 2. коло на ФИБА развојниот турнир „Заедно до 16“ што се игра во Скопје. Во пресметката на женските селекции, македонските кошаркарки забележаа убедлив триумф над Косово со 73-24 во дуел во кој избраничките на селекторот Горан Крстевски имаа апсолутна доминација на паркетот во СРЦ „Кале“.

Најефикасна во македонските редови беше Колева со 17 поени.

На машкиот турнир, македонските кошаркари ја извојуваа и втората победа, совладувајќи ја убедливо селекцијата на Косово со 72-57.

Најефикасен во македонските редови беше Бошковски со 15 поени.

Во третото коло од турнирот во Скопје, двете македонски селекции се слободни, а натпреварувањето го продолжуваат в сабота против селекциите на Турција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Лина Ѓорческа поразена во 1/4 финалето во Ираклион

Следна објава
Долгот на општините загрижувачки се зголемува, најалармантно е во Гостивар, Тетово и Карпош

За да се намалат платите на функционерите треба да се сменат седум закони