Џабе власта замрзнува цени кога не дере за регистарските таблички

Во фокусот на владината пропаганда деновиве е дека ќе ги замрзнува цените на некои основни продукти и така ќе му помагала на населението во Македонија да се справа со сиромаштијата. Ама во исто време Владата измислува и нови давачки кои ќе натежнат на граѓаните. Една од нив е за ултимативното барање да се променат регистерските таблички на возилата со ознака „МК“, како и на оние постарите кои и немаат никаква ознака за припадност на државата.

Едноставно, власта бара ознаката “НМК“ да биде насекаде. А граѓаните тоа да го платаат со околу 1500 денари менувајќи ги табличките.

Веќе скоро еден месец јавноста бурно реагира, вели дека тоа е непотребно и дури е понижувачко и надополнува дека ако веќе мора да се прави (оти власта ветува се и сешто на странци) зошто сето тоа не се стори со обична налепница (како што еднаш веќе правеа) што е многу, многу поевтино.

-Џабе ни глумат дека ни помагаат во кризата, кога со табличките не дерат иако тоа не мора да се направи. Ќе заштедам три денари дневно за лебот, ама ќе ми земат 2000 денари за нешто што можеше да се реши со обична налепница. Власта е немилосрдна кон народот, ни вели еден скопјанец.

За потсетување, МВР ги упати граѓаните во станиците за технички преглед, каде што до 12-ти февруари следна година треба да се изврши замената што ќе чини околу 1.500 денари, а и ќе треба да се менува целата документација, осигурувањата, зелените картони… ако тоа се прави на средина од регистрацискиот период на возилото.

 Граѓаните почнаа на социјалните мрежи да пишуваат и петиции со кои се укажува дека ниту во самиот Преспански договор со Грција ја нема обврската да се менуваат комплетни регистерски таблички.

-Според член 3 алинеа Д од Преспанскиот договор, треба да се симни само ознаката на регистарските таблици и да биде „НМ“ или „НМК“. Никаде не пишува дека треба да се сменат таблиците, се потенцира во објавата. Стоп за непотребното ограбување на граѓаните, се наведува во објавата која кружи по социјалните мрежи.

-Промената да биде на државен трошок бидејќи јас веќе еднаш платив за да ги добијам табличките кои сега че ми ги земат, е една од реакциите на граќаните на социјалните мрежи.

-Ќе ни ги платат ли одземените таблици, прашува друг.

Некои се категорични дека нема да постапат по барањето.

-И да ги променат, на моето возило нема да ја има „Северна“, макар секој дена казна да плаќам, најави еден граѓанин…

Има реакции и укажувања дека дури и во Грција се возат возила со  2-3 генерации на регистарски таблички и се шека тие постепенои самите со годините да исчезнат и да останат само најновите. Зошто да не биде така и во Македонија?

Дали Владата ќе го промени мислењето и ќе го стопира ултиматумот? Па нели се бори за подобро граѓаните да ја минат кризата? Или поважно им е да угодат на странци, а и некој тука во Македонија да се офајди?

Претходна вестИзречени 38 казни за „дивеење“ по скопските улици
Следна вестПознати екипите учеснички во четвртфиналето, и нашиот Елмас ќе игра