Британската Влада во потрага по дополнителни приходи, размислува за
воведување данок за електрични возила.
„Во цената на бензинот и дизелот постои ставка за патиштата, но од
електричните возила не се наплаќа ништо за патната инфраструктура.
Сакаме поправеден систем за сите возачи”, вака портпарол на британската
влада ја објасни мерката.
Од овој данок, Британија проектира наплата на околу 1,8 милијарди фунти
годишно до почетокот на 2030-тите.
Исланд и Нов Зеланд веќе воведоа
данок по километар за електрични возила.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



