Темно Режим Светло Режим

Елмас и дефинитивно отпаѓа за натпреварот со Ерменија

Повредата на Елмас не е наивна, по лекарските прегледи е одлучено дека тој треба да се врати во Неапол, нема да патува за Кипар каде Македонија во среда го игра последниот меч од Лигата на нации против Ерменија.

На вчерашниот меч против Естонија, Елмас поради повреда предвреме го напушти теренот, неговиот настап против Ерменија беше под знак прашалник, но веќе не е, тој и дефинитивно нема да може да игра.

Утврдено е дека Елиф има повреда на бутниот мускул и ќе мора да се врати во Неапол каде ќе ја почне рехабилитацијата.

Отсуството на Елмас е само уште една дополнителна главоболка за селекторот Ангеловски, за мечот со Ерменија сме без Пандев, Барди, Алиоски, Адеми, Николов, Спировски, Ристевски и Димитриевски.

Од синоќа дополнително повикани се Мицевски, Трајчевски и Китановски.

Натпреварот против Ерменија се игра на Кипар во среда со почеток од 18 часот. Потребен ни е само бод за пласман во Лига Б од Лигата на нации.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Четворица повредени во судир на возило и камион на патот Прилеп – Македонски Брод

Следниот Пост

Цените на горивата со ново поскапување