Темно Режим Светло Режим

Европска премиера на „Диџеј Ахмет“ во Брисел: Македонски филм во фокусот на европската публика

Европска премиера на „Диџеј Ахмет“ во Брисел: Македонски филм во фокусот на европската публика Европска премиера на „Диџеј Ахмет“ во Брисел: Македонски филм во фокусот на европската публика

 Играниот филм „Диџеј Ахмет“, режисерско деби на Георги Унковски, ја имаше својата европска премиера во „Синема галери“ во Брисел, каде присуствуваа претставници на европските институции, дипломати, филмски професионалци и љубители на филмот, информира Министерството за култура и туризам.

Пред проекцијата се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој нагласи дека прикажувањето македонски филм во Брисел претставува значаен успех и потврда за квалитетот на домашната кинематографија.

„Филмот може да биде длабоко локален по својата приказна, а истовремено универзален по емоцијата и пораката што ја носи“, истакна Љутков.

Министерот упати пофалби до авторскиот и продуцентскиот тим, оценувајќи дека „Диџеј Ахмет“ достоинствено ја претставува државата на европската сцена и сведочи за зрелоста и креативната храброст на македонската кинематографија.

Тој потенцираше дека филмот е резултат на меѓународна соработка и доверба меѓу партнерските институции, нагласувајќи ја важноста на копродукциите како можност за отворање нови пазари и публика за малите национални кинематографии.

По проекцијата се одржа панел-дискусија посветена на улогата на копродукциите во европскиот аудиовизуелен сектор.

Од Министерството посочуваат дека настанот претставува уште една потврда за активното присуство на македонската култура во европскиот културен простор и за продлабочувањето на соработката со европските партнери.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Светот влегува во нов глобален циклус: Историјата се повторува под Сатурн и Нептун и ја отвори следната геополитичка ера

Светот влегува во нов глобален циклус: Историјата се повторува под Сатурн и Нептун и ја отвори следната геополитичка ера

Следниот Пост
Потврдена нова слика на Рембрант по двегодишно истражување

Потврдена нова слика на Рембрант по двегодишно истражување