Темно Режим Светло Режим

Филипче: Ќе се формира советодавно тело од пензионирани професори по медицина

Ќе се формира советодавно тело од пензионирани професори по медицина. Имено, Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска оствари средба со проф. д-р Драган Данаиловски на која се договорија да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицинскиот факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството.

-Сакам да му изразам посебна благодарност на проф. д-р Драган Данаиловски за целиот придонес во Ковид кризата досега. Тој исклучително стручно и конструктивно настапуваше во медиумите со што значително придонесе во информативната кампања. Покрај ова, неговите совети до мене и целиот тим во однос на менаџментот и проекциите за развојот на пандемијата беа од големо значење. Денеска на средбата со професор Данаиловски договоривме да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицински факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството, изјави Филипче.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал

Полицијата затвори кафана во тетовско, имало 94 гости и странски државјанки...

Следниот Пост
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Дури 25.000 сторители на кривични дела годинава биле мета на Обвинителството