Фондот за здравство се излечи од сајбер-нападот: Парите за боледувања од утре на сметка

Парите за боледувања внесени во системот на Фондот за здравствено осигурување во периодот пред сајбер-нападот од утре ќе им бидат на сметките на осигурениците, известија денеска од оваа институција.

-Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и в среда. Тоа значи дека веднаш ќе почне исплатата на боледувањата што биле внесени до 5.2.2023 година. Податоците за боледувањата што се доставени по овој датум ќе почнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, соопшти Фондот.

Речиси сите модули на системот, кој две недели беше под сајбер-напад, од Фондот велат дека се ставени во функција. Утрово се врати во функција „Мое осигурување“, а се работи на враќањето во функција и на ДРГ-системот, кој служи за евиденција на болничките услуги.

Претходна вестПолицајци со кучиња влегоа во „Идризово“, пронајдена дрога, ножеви и телефони
Следна вестКина: Америка не е квалификувана да ни држи лекции за испраќање оружје на Русија