Полицајци со кучиња влегоа во „Идризово“, пронајдена дрога, ножеви и телефони

Изминативе денови македонските затвори се актуелни. Имено пред неколку дена почина затвореник, а претходно затвореник пријави дека бил претепан од полициски службеник, денес полицијата спроведе рација во затворот „Идризово“. При претресот во 14 ќелии и две соби биле пронајдени поголема сума пари, таблет, телефони и слично, соопштија од полицијата.

– Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска спроведе координирана полициска акција во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје. Во насока на превентивно дејствување, како и спречување вршење кривични дела во казнено-поправните установи, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка, извршени се претреси во КПУ „Идризово“ сè со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици што се на издржување казна затвор, истакнуваат од МВР.

При претресот биле пронајдени мобилни телефони, остри предмети и дрога.

– Постапувајќи по наредби за претрес, издадени од судија за претходна постапка, како што истакнуваат надлежните, извршени се претреси во вкупно 14 ќелии и две соби во казнено-поправната установа, при што биле пронајдени: поголема сума парични средства од законски дозволените што осудените лица може да ги поседуваат во разни апоени и валути, таблет, 11 мобилни телефони, повеќе парчиња галантерија за мобилни телефони, неколку остри предмети, прашеста материја, која била одземена, се вели во полициското соопштение

Инаку изминативи денови се случија неколку инциденти поврзани со казнено поправните установи.

На 18-ти овој месец во 03.48 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека осуденото лице М.С.(55) од Скопје, кој издржувал затворска казна во установата, починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. А неколку дена претходно на 16-ти овој месец во 22.30 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје било пријавено дека Б.Џ., затвореник во установата, пријавил дека бил физички нападнат од полициски службеници.

Претходна вестНаучен труд за локалитет Влахо објавен во светско реномирано списание
Следна вестФондот за здравство се излечи од сајбер-нападот: Парите за боледувања од утре на сметка