Темно Режим Светло Режим

Гала оперски концерт во МОБ од 20 часот

Музичките љубители на вокалните способности на Весна Ѓиновска Илкова, но и на Наде Талевска Спасовска, вечерва ќе можат да уживаат на гала оперски концерт, со почеток во 20 часот во МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

Покрај двете уметници, ќе настапат и оперските солисти Дејан Стоев, Ристе Велков, Соња Пендовска Мадевска, Марика Поповиќ, Павлина Новакова Георгиев, Драган Ампов, Злата Тошевска, Ана Ројдева, Александра Лазаревска Василев, оркестарот и хорот на МОБ.

Секако неизбежно соопштение за настанот се и безбедносните протоколи: задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Го казнивте ли истурачот на отпад од бело комбе во езерото Треска?

Следниот Пост

Променливо сончево со засилен северен ветер