„Газпром“: Запрено истекувањето на гасот од гасоводот „Северен тек“

Руската компанија „Газпром“ денеска соопшти дека притисокот во гасоводите „Северен тек“ е стабилизиран и дека гасот престанал да истекува од оштетените места на гасоводите.

-Притисокот во линијата А на ‘Северен тек 2’ и во двете линии на ‘Северен тек 1’ се стабилизира по прекинот, истекувањето на гас престана, објави „Газпром“, а пренесе ТАСС.

„Газпром“ соопшти дека работи на намалување на притисокот во линијата Б на гасоводот „Северен тек 2“.

Експлозиите во морето кои неделава ги оштетија гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 предизвикаа истекување на метан во големи количини. Се уште не е познато кој го извршил терористичкиот чин на оштетување на гасоводната линија,