Темен режим Режим на светлина

Германски државјанин е уапсен на „Илинденска“, се возел на мотор и разгорувал нетрпеливост

Државјанин на Германија вчера е уапсен на булеварот „Илинден“ во Скопје откако се возел на мотор со тетовски таблички, на кој истакнал симбол со кој предизвикувал национална, верска и расна омраза и нетрпеливост, соопшти полицијата.

„На 05.08.2025 во 19:45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(37) од Сојузна Република Германија поради сомнение за сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик.

На мотоциклот со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал, имал истакнато симбол што предизвикува национална, верска и расна омраза и нетрпеливост.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Горештините се враќаат, утре до 36 степени

Следна објава

Македонија под нов топлотен бран од Африка