Темен режим Режим на светлина

Германското МНР предупредува: Внимавајте ако одите во Македонија поради заканите од бомби

Германското Министерство за надворешни работи бара будност од германските граѓани при патување во Македонија поради заканите со бомби, објави Дојче Веле

– Закани со бомби против јавни институции и објекти во последно време се регистрирани во главниот град Скопје. Тие првично беа насочени кон училишта и владини објекти, но во меѓувреме се погодени и хотели и други невладини установи. Последно, беше неопходна евакуација на меѓународниот аеродром Скопје, каде сообраќајот мораше да биде привремено запрен. Треба да се смета со ограничувања и сообраќајни проблеми, се вели во информацијата на германското МНР.

Од Берлин се посочува дека досега сѐ е „останато на закани“ и од германските граѓани се бара да бидат будни и претпазливи, како и да се информираат од доверливи локални и социјални медиуми во врска со актуелната ситуација и да ги следат препораките на локалните власти и безбедносни сили.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Конфликтите го менуваат туризмот: Европа профитира од кризата

„Политико“: Британските пратеници ги злоупотребуваат патувањата во странство, одат по проститутки

Следна објава

Промените нека почнат од изборниот модел