Пред година и половина побарав жена ми да ми го сокрие даљинското од телевизорот за да не мора да зјапам у екранот. Убаво ми беше една недела се одморив од вестите, иако сопругата искористи шанса и ми бутна у рака пегла – да сум и помогнал.
Минатата недела со сет страв дека пак ќе мора да пеглам, сепак престанав да гледам телевизија. Ми требаше одмор од вестите кои ги прават македонските телевизии. Не сите де, една ТВ куќа се труди да биде малку пообјективна. И да ви кажам право си ги релаксирав нервите, па ја у ствари и не сум бил нервозен тип, мене телевизиите со провладините наместени вести ме ваделе од кожа.
Е, сега мора да признам дека и жена ми ми прости со пеглата. Тоа уште повеќе ми ги одмори нервите. Овој пат ме тупна пред садоперот и секој ден си мијам садови.
И да ви кажам – ако, дури и миењето садови е поарно од гледањето онакви провладини вести. Овој пат бегањето од телевизите ќе ми потрае повеќе од една недела, а што ме интересира ќе си прочитам набрзинка на интернет, додека си ја трљам подзагорената тава.