И пубертетлии македонска телевизија не ти гледаат

Леле… луѓе давајте совет, како се справувате со пубертетлиите дома, сега кога нема каде да излезат навечер ниту за време на викенд. За мене си прашувам, не за другар. Овие моите се се нешто напнати. Ја ги разбирам, уствари и ја су напнат, ама шо да се прави, пандемија ни наметнаа, а и мерки против неа исто така.

Но, да бидам поконкретен во барањето совет. Како се снаоѓате дома со еден телевизор? Тие сакаат да гледаат едно, ја и жена ми друго. Прво, најдовме решение во различни термини да гледаме. Ама за две недели дечиштата укапирале дека на телевизија нема ништо добро и дека требало да им платам за некаков си Нетфликс, така чинам го рекоа. Леле, кога ми кажаа колку пари треба да дадам глава ме заболе. Па уште кога ми кажаа дека за тоа требало и понов телевизор… А сета нервоза кулминира за новогодишната ноќ, на македонските телевизии имаше турски серии или српски повици на луѓе без слух да станат пејачи… Па тоа ни ја не гледам, па се префрливме на странско, тие еден саат гледаат, ја и жена ми еден саат. Маки…

Затоа давајте совет, што вие правите? Само да знаете нов телевизор тешко да ќе купам… (барем така се силам)

А и страв ме фаќа, а што ако и мене скроз ми пукне филмот од македонските телевизии и ме бендиса тоа Нетфликсот? Ем телевизор да купам, ем и нова претплата да давам…, ама па добро е Заев ни ја укина ТВ претплатата. 

Претходна вестЗаминa тешката 2020-та, можеше ли власта да ја направи поподнослива?
Следна вестСе зголемува цената на Еуросупер БС-95