И пензионерите на протест, имало нетранспарентно трошење пари, манипулации на изборите…

Протест пред просториите на Сојузот на здруженијата на пензионерите во Македонија за утре најавија членови од шест пензионерски здруженија од пет скопски општини. Тие се  незадоволни од работата на раководствата на своите здруженија и на Сојузот на здруженија. Протестот е закажан во очи на Изборното собрание на СЗПМ.

Иницијативниот одбор реагира на нечесното, нетранспарентно, непродуктивно трошење на пензионерските пари, кои на име на членарина по сила на закон, се слеваат во здруженијата и во Сојузот. Се реагира и на нелегитимните, според иницијаторите, нефер избори во здруженијата, на автократското однесување на поединци, кои откако ќе дојдат до одредена функција тука остануваат доживотно.

-Да ги избереме најдобрите, а не ,докажаните“ по теркот за моќниците во Сојузот и во Здруженијата: чесни, вредни, способни, со демократски профили и храбри. Такви има многу меѓу нас. Наше е да им дадеме доверба за да блесне целокупното пензионерското дејствување, вели Славко Лазовски, член на Иницијативниот одбор.

Ќе се одржат два протести. Едниот ќе биде утре во 11 часот, вториот ќе биде наредниот ден на 29 март, со почеток во 10 часот, кога треба да се одржи и Изборното собрание на СЗПМ.

Претходна вестЛога: Десет чекори ги делат осудените за настаните во Диво Насеље, до екстрадиција во Косово
Следна вестРакометно дерби со безбедоносни пропусти, ќе се извлечат ли поуки пред реваншот?