Сообраќајната некултура во Скопје е видлива на секој чекор. А за жал некои скопјани и ја прават со чекори.
Само на територијата на град Скопје вчера се изречени се вкупно 438 казнени мерки, меѓу кои и за 40 пешаци кои не се придржувале до сообраќајните правила и прописи. Едноставно покрај многуте „диви“ возачи има и многу „диви“ пешаци кои си поминуваат „питомо“ по улиците каде и да посакаат.
МВР денеска соопшти дека во текот на вчерашните контроли биле изречени и 43 мерки за возење без возачка дозвола, 9 мерки за нерегистрирани возила и исто толку за технички неисправни возила, 27 санкции за користење на мобилен телефон.
-Изречени се 14 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 15 за управување под дејство на алкохол, 82 мерки за непрописно паркирани возила, 53 возила се подигнати од „пајак“ службата, а изречени се и 31 санкција за неносење заштитна маска, се наведува во информацијата.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.